Тешко повреден велосипедист од Свети Николе

Од:

Велосипедист од Свети Николе синоќа тешко е повреден во сообраќајка што се случила околу 19:15 часот на регионалниот пат Свети Николе-Овче Поле, кај село Пеширово.

Како што е наведено во денешниот билтен на МВР, 33-годишниот Ј.З. од Свети Николе управувајќи патничко возило „Фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот Т.М.(69) од Свети Николе.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Штип. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски