Тешко повреден пешак во Кавадарци

Од:

Седумнаесетгодишен кавадарчанец бил тешко повреден при сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 22:30 часот на улицата „Шишка“ во Кавадарци.

– Станува збор за сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил марка „фолксфаген голф” со кавадаречки регистарски броеви управуван од Д.Д.(30) од Кавадарци, моторцикл марка „хонда ЦБР 900“ со кавадаречки регистарски броеви управуван од С.Л.(21) од село Марена – кавадаречко и пешак од Кавадарци, појаснува Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој бил пренесен во Клинички центар во Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот на моторциклот.

Увид на местото на настанот извршила полициска екипа од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он