Тешко повреден мотоциклист во Скопје

Од:

Возач на мотоцикл е потешко повреден, а пет лица се здобиле со полесни повреди во шест од 17 сообраќајни несреќи регистрирани во изминатите 24 часа на подрачјето на СВР Скопје. Во 11 сообраќајки е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци, меѓу кои 19 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло, двајца не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се 59 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и двајца пешаци и двајца возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети се 76 возила.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош