Тешко повреден мотоциклист кај кумановско Облавце

Од:

Возач на мотоцикл е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне околу 17 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, во која учествувале и две патнички возила.

Како што информира денеска Министерството за внатрешни работи, во сообраќајката учествувале „Дачија дастер“ со скопски регистерски таблици управуван од М.П. (70) од Скопје, „Цитроен“ со кумановски регистерски таблици управувано од И.П. (30) од село Режановце-Куманово и мотоцикл без регистерски таблици, управуван од Ј.В. (23) од Куманово. Со тешки телесни повреди се здобил возачот Ј.В., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, по што бил префрлен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во времето од 17:30 до 18:45 часот, сообраќајот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка бил во прекин.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски