Тешко повреден ловец од Кочани

Од:

Педесет и петгодишен ловец од Кочани утрово е тешко повреден при истрел од ловечка пушка на негов колега. Инцидентот се случил во атарот на селото Јастребник на падините на Осоговските Планини, а ловецот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот.

– Наша интервентна екипа учествуваше во извлекувањето на повредениот од стрмниот и тешко пристапен терен на кој ловел. Со сериозна повреда на левата страна од слабинскиот дел го предадовме на итната медицинска помош, која го транспортираше до болницата во Кочани, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица.

Од Одделението за внатрешни работи информирата дека ловецот кој пукал во својот колега е приведен и против него е поведена истражна постапка, а ловечката пушка е одземена.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар