Тешка сообраќајна несреќа во кратовско – жена загина, двајца повредени

Од:

На 15.11.2020 околу 15.30 часот во с.Железница, кратовско, на пат од с.Туралево кон Кратово, патничко моторно возило „тико“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Љ.К.(50) од Кратово излетало од патот, соопшти МВР.

Од здобиените повреди на местото на настанот починала сопатничката П.К.(72) од Кратово, а Љ.К. и сопатничката С.К.(48) од Кратово се здобиле со повреди и се пренесени во Медицински центар Куманово за укажување на лекарска помош, информираат од полицијата.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кратово.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад фудбалер загина синоќа во сообраќајна несреќа

А1он

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

(ВИДЕО) Преживеан во несреќата во Романија го открива клучниот момент пред трагедијата

А1он