Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Битола

Од:

Попладнево на влезот во Битола од страната на Ресен, во непосредна близина на бензиската пумпа на „Лук Оил“ се случи тешка сообраќајна насреќа во која има неколку полесно и потешко повредени лица на различна возраст. Повредените се пренесени во битолската Клиничка болница каде им се укажува помош.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило марка „Опел Вектра“ со струмички регистерски таблици и патничко моторно возило марка „Хјунадаи“ со битолски регистерски таблици.

Увид на местото на несреќата извршија стручни лица на СВР-Битола и истражен судија кои ги утврдуваат причините за сообраќајната несреќа што попладнево се случи на влезно-излезниот дел во Битола од патниот правец Прилеп-Ресен.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он