Тешка сообраќајна несреќа, еден загинат

Од:

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што синоќа во 20 часот и 30 минути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на кичевскиот авто-мото сојуз.

Ѓорѓија К. (60) од селото Другово на лице место им подлегна на повредите во сообраќајната незгода која се случи во моментот кога сега починатиот управувајќи велосипед, невнимателно од локалниот се вклучил и излегол на магистралниот пат Охрид-Кичево. Притоа, дошло до судир врз десната страна од велосипедот од патничко моторно возило марка „Пежо-206“со кичевски регистарски таблички управувано од Д.Н.(53) од Кичево кое се движело по коловозот од Охрид кон Кичево.

Од здобиените повреди, на лице место починал Ѓорѓија К. кој го управувал велосипедот во правец кон Кичево. Смртта е констатирана од медицинска екипа при општата болница во Кичево.

На местото на тешката сообраќајна незгода извршен е увид во присуство на истражен судија и јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.

Во текот на денот, доктор на судска медицина врз телото на починатиот ќе изврши обдукција.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он