ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа на патот Кочани-Штип, загина возач на камион

Од:

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Крупиште. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека сообраќајната несреќа се случила околу 13.00 часот меѓу две товарни возила со беровски и скопски регистерски таблички.

На лице место е починат 62 годишен возач од Велес, кој управувал со пикап – возило со скопски регистерски таблички.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев вели дека повикани се во 13.30 часот и учествувале во извлекување на повредени во камионот со беровски регистерски таблички, а во него имало возач и сопатник. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница. Шестмина пожарникари учествувале во акцијата за извлекување на повредените од камионот, кој превезувал жито.

Портпаролот на СВР-Штип, Панајотова, информира дека увидот од страна на полицијата и обвинител се уште трае, а сообраќајот на експресниот пат Штип-Кочани е во прекин. Полициски службеници го пренасочуваат по стариот регионалн пат.

Би можело да ве интересира

Загина 19-годишник, со автомобилот излетал од патот и се забил во столб

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец ја истепал сопругата за која имал забрана за приближување

Катерина Ѓуровски

Арачиновец застрелан на семејна веселба

Катерина Ѓуровски

25-годишник силувал 81-годишна старица од струмичко

Катерина Ѓуровски

Криумчар на мигранти, бегајќи повредил двајца полицајци и удрил во наплатна рампа

Катерина Ѓуровски

Скопјанец со туѓи картички купувал на интернет, потрошил 135 илјади денари