МВР со детали за сообраќајната несреќа на новиот експресен пат Прилеп – Градско

Од:

СВР Велес претпладнево сподели официјална информација за сообраќајната несреќа од синоќа, на експресниот пат Прилеп – Градско.

– Синоќа околу 19:50 часот, во СВР Велес е пријавено дека на исклучокот од новоизградениот експресен пат Прилеп-Градско за приклучокот на автопатот А-Градско-Скопје, товарно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(41) од Скопје, удрило во метална еластична ограда и сообракајни знаци. Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Општа болница Велес. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Велес, соопштија од СВР Велес.

Оттаму потсетија дека синоќа во периодот од 20:10 часот, до утрово до 01:20 часот, патничкиот и товарниот сообраќај на новоизградениот експресен пат беше во прекин и беше пренасочен по регионалниот пат Градско -Росоман.

Од СВР Велес информираа исто така дека синоќа во 22:12 часот во ОВР Кавадарци, Р.А.(18) од село Марена, кавадаречко, пријавил дека на улица „Клинска“ во градот, бил физички нападнат од Р.Ф. и М.Ф. Се преземале мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски