Тешка сообраќајка во Струга – еден загинат

Од:

Едно лице загина, а четири се повредени во сообраќајна незгода што синоќа се случи на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на Еврохотел.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски информира дека незгодата се случила околу 20 часот кога патничко моторно возило „Фијат караван“ од засега непознати причини излетало од патот.

– Едно лице родено 1986 година од Кичево го загуби животот. едно е префрлено во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св Еразмо“ во Охрид, а три во Струшката болница, изјави Димоски.

Од Болницата во Струга информираат дека две од повредените лица по укажаната помош веднаш биле пуштени на домашно лекување, а едно е препратено во специјалната болница „Свети Еразмо“.

Увид вршеше јавен обвинител во присуство на полициски екипи од сообраќајната полиција во Струга. Полицијата ги утврдува причините поради кои дошло до излетување на возилото од патот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски