Тешка сообраќајка во прилепско, загина една жена, а двајца се потешко повредени

Од:

Една жена загина, а двајца се потешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи денска после 13 часот на локалниот пат меѓу селата Долнени-Ропотово, општина Долнени, прилепско.
Според Магдалена Димитриевска, портпарол на СВР Битола, несреќата е пријавена во прилепската полиција во 13.20 часот.

До несреќата дошло кога мотоцикл марка „Хонда“ без регистерски таблички удрил во 80 годишна старица која го поминувала патот.

Жената им подлегнала на тешките повреди веднаш на лице место, а возачот на мотоциклот со иницијали Г.Т роден 1992 година од селото Долнени и неговиот сопатник со иницијали С.П роден 1995 година се со тешки повреди и веднаш се префрлени во градската болница во Прилеп.

Според првичните сознанија на полицијата загинатата жена е на возраст од 80 години е со иницијали С.П.

Во моментот полицијата и истражен судија од прилепскиот Основен суд вршат увид на местото на несреќата.

Фото: Архива

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски