Тешка сообраќајка во Куманово, двајца повредени

Од:

Вчера околу 10.40 часот во Куманово, на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 40-годишниот Ф.С. од село Гошинце, кумановско и мопед „РКС снипер 50“, управуван од 45-годишниот С.И. од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки, соопшти МВР.

– Во несреќата С.И. се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.С. со телесни повреди, констатирани во Општата болница-Куманово, додаде МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски