Тешка сообраќајка на регионалниот пат Скопје – Тетово

Од:

Вчера во 12.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К., извести МВР.

– Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, додаваат од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на патот Берово-Струмица e во прекин поради сообраќајка

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски