Тешка сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Струга-Радожда, повеќе повредени

Од:

Вчера вечер околу 22.30 часот на регионалниот пат Охрид-Струга-село Радожда, во близина на мост на река Сатеска, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничките возила „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(34) од Струга и „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(37) од с.Љубаништа, охридско, извести МВР.

– Во несреќата возачот Н.Ј. и неговата сопатничка А.Ј.(35) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот во истото возило Т.П.(33) од с.Вевчани, И.Б., која го управувала возилото „ауди“ и нејзините сопатнички С.Т.(29) и М.Н.(32), двете од Охрид, се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, соопшти МВР.

По наредба на Јавен обвинител, увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Струга.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он