Тешка сообраќајка на патот Штип – Кочани, четворица повредени

Од:

Тешка сообраќајна несреќа во која се повредени четири лица се случи утринава околу 9 часот на регионалниот пат Штип – Кочани, меѓу штипските села Долни Балвин и Крупиште. Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила, „матис“ и „пикап“.

Според првичните информации, во несреќата се повредени четворица патници од кои тројца кои биле во патничкото возило „матис“ и еден во „пикап“. Сите се хоспитализирани во Клиничката болница Штип.

Командирот на Противпожарната единица Кире Патраклиски вели дека и пожарната интервенирала при вадењето на патниците од автомобилите.

Оваа сообраќајна несреќа се случи на еден од најлошите свиоци на регионалниот пат Штип – Кочани.

Полицијата врши увид на местото настанот по што ќе се утврди кои се причините за тешката сообраќајна несреќа. Веќе еден час сообраќајот е во прекин на регионалниот пат Штип – Кочани, со што се создаде долга колона од тешки товарни возила.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он