Две лица повредени во сообраќајка кај гостиварско Ново Село

Од:

Едно лице е потешко повредено, а едно се здобило со полесни повреди во сообраќајната несреќа што попладнето се случи на магистралниот пат Гостивар – Кичево во близина на Ново Село.

СВР Тетово информира дека во сообраќајната несреќа покрај двете возила кои се судриле, има оштетено уште едно возило.

– Околу 16:30 часот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево, во близина на селските гробишта дошло до судир на два автомобили марка „мерцедес“ со охридски, односно скопски регистерски ознаки. Возачот на мерцедесот со охридски ознаки Ј.А. (66) се здобил со скршеници и како итен случај е префрлен на скопски клиники, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Возачот на другиот мерцедес, А.А. (43), турски државјанин со престој во Македонија, поминал со полесни повреди и е згрижен во Гостиварската болница.

Според првичните сознанија од увидот, причина за сообраќајката, е преминување на друга сообраќајна лента на едно од возилата.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидна екипа на полицијата.

Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево беше во прекин дваесеттина минути, а по завршувањето на увидот, се одвива нормално.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он