Тешка сообраќајка кај Штип, еден загинат

Од:

Едно лице почина од четворицата повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи утринава околу 9 часот на регионалниот пат Штип – Кочани, меѓу штипските села Долни Балвин и Крупиште. Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила, „матис“ и „пикап“.

Според првичните информации од штипската болница, едно лице од повредените во несреќата починало.

Командирот на Противпожарната единица Кире Патраклиски изјави дека и пожарната интервенирала при вадењето на патниците од автомобилите.

Оваа сообраќајна несреќа се случи на еден од најлошите свиоци на регионалниот пат Штип – Кочани.

Полицијата врши увид на местото настанот по што ќе се утврди кои се причините за тешката сообраќајна несреќа. Сообраќајот е во прекин на регионалниот пат Штип – Кочани, со што се создаде долга колона од тешки товарни возила.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он