Тешка сообраќајка кај Подмоље, еден загинат

Од:

Жител на охридското село Оровник на возраст од 39 години загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу шест часот на регионалниот пат Струга-Охрид во близина на пензинската пумпа Бесјани Петрол кај село Подмоље.

Според информациите од СВР Охрид, несреќата се случила кога автомобил „пежо“, којшто го управувал сега загинатиот, од засега непознати причини преминало на спротивната страна од коловозот и удрило во возило „хјундаи“, управувано од педесет и петгодишен охриѓанец.

Возачот на „пежото“ бил пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид каде им подлегнал на повредите.

Сообраќајот се одвиваше отежнато со пропуштање на возилата по една коловозна лента поради увидот кој се вршеше.

Фото: OhridNews

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он