Тешка сообраќајка кај Кучевиште: еден загинат, еден тешко повреден

Од:

Шеесет и петгодишен маж од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на локалниот пат меѓу селата Кучевиште и Кучевишка Бара.

Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена во СВР Скопје на 17 февруари 2026 година во 15:20 часот, а во неа учествувале патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П. (65) од Скопје, и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со скопски таблички, управувано од Ж.С. (57) од село Кучевиште.

На местото на несреќата починал возачот на „фордот“, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Возачот на „фолксвагенот“ се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски