Територијалната противпожарна единица-Куманово лани интервенирала 405 пати

Од:

Минатата 2016 година во Куманово биле регистрирани 405 интервенции, што претставува незначително намалување во однос на 2015 кога биле регистрирани 435 интервенции, соопшти денеска Територијалната противпожарна единица-Куманово.

– На отворено беа регистрирани 225 пожари, додека во 2015 беа регистрирани 235 пожари на обејкти, изјави Дејан Илиевски, командир на ТППЕ-Куманово.

Од ТППЕ-Куманово лани интеревнирале при гасење пожари на 94 објекти, на 27 патнички и товарни моторни возила и 59 останати интервенции, кои вклучуваат гасење пожари на ѓубришта, депонии, слами. Минатата година имале и 25 технички инетрвенции во сообраќајни несреќи, исмпумпување вода, учество во санирање на одредени состојби.

Од почетокот на годинава досега противпожарната единица интервенирала 36 пати.

Територијалната противпожарна единица-Куманово располага со девет противпожарни возила за отворен простор и за урбана средина.

– Имаме 51 пожарникар и релативно добро сме екипирани. Очекуваме успешно да се справиме со работните задачи и годинава, нагласи Илиевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци

Шаини: Лага е дека мојата сопруга сака да ме убие

Горан Наумовски

Уапсена е сопругата на докторот кој вчера беше застрелан во Куманово, напаѓачот е во бегство

А1он

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување