Теренска проверка на 89.383 лица, административна на 107.660

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа на седница објави дека на терен ќе се проверуваат 89.383 записи, откако вчера беа направени дополнителни проверки од страна на ИТ експертите на лица кои се повторуваат по повеќе основи. Административно ќе се проверуваат 107.660 лица.

Претходно вчера Комисија објави дека ќе се проверуваат 100.436 записи од вкрстената и граѓанската проверка преку веб – апликацијата.

Комисијата на синоќешната седница усвои анекс на Извештајот од проверките во кој се наведени овие бројки. Исто така се утврди начин по постапување по пријави од граѓани од веб-апликацијата на ДИК.

Комисијата информираше дека 6.795 граѓани пријавиле неправилности во избирачкиот список преку веб – апликацијата на ДИК. Компјутерските стручњаци на ДИК ќе преземат 6.018 пријави да проверат дали некои од нив се наоѓаат во записите д вкрстената проверка по што ќе се знае колку ќе бидат проверувани на терен, а колку административно.

Државната изборна комисија денеска ги започнува обуките за овластените анкетари кои ќе ја вршат теренската проверка.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар