Теренот за нови парцели на Водно бил подготвуван со години однапред

Од:

Пред една година кога се носеа Деталните урбанистички планови со кои се впишаа шест нови маркички на ридот над улицата „Питу Гули“ на Водно, граѓаните не ни претпоставувале дека во иднина сосед може да им биде висок функционер на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера изјави дека токму премиерот Никола Груевски му фрлил мерак на овој рид , а дека четирите парцели се во сопственост на фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, „Кара“ и „Ексико“.

Леана Таќи вчера предизвика внимание во јавноста со нејзиниот фејсбук статус каде вели дека од градежната експанзија ќе биде узупирано парчето зелена површина на Водно каде го поминала своето детество. Леана и нејзините соседи стравуваат од најлошото, дека поради лизгавоста на земјиштетот нивните домови ќе бидат изложени на опасност.

– Од, да ги наречам, „чаршиски муабети” одамна се знаеше дека овој никогаш порано ненаселен рид е „земен на пик” од страна на големи играчи, но ние одбиравме да веруваме дека институциите функционираат праведно и дека секој кој ја знае состојбата со загдувањето во градот, не би посегнал по една од последните зелени површини кои ни останаа. Сепак, пред скоро 2 години беше направена нова канализациона мрежа на која куќите од оваа улица не се поврзани – што ме тера да мислам дека не била наменета за нас и дека ова нелегално узурпирање на ридот е започнато од поодамна. Ридот е глинен и под него има вода (од она што јас го имам видено), што претпоставува дополнителна закана за безбедноста на жителите на оваа улица поради можно лизгање на земјиштето – изјави таа за „А1он“.

Изминативе години, вели таа, често се случувало некој да прошета во шумата, да го премерува земјиштето, но граѓаните верувале дека никој нема да дозволи изградба на нестабилна локација. Во разговорите, пак, што ги објави опозицијата, може да се чуе како поранешниот телехронител, Дејан Митровски – Урко, на премиерот се шета со владини функционери низ Скопје за да ги разгледаат локациите.

Следниот разговор, според СДСМ, е помеѓу директорот на ДБК, Сашо Мијалков, и Урко.

СМ: Друго шо има ново?

ДМУ: Нема ништо. Еве тука сме, уште од сабајле по дождот, со комбињата шетаме по Скопје со човекот, и уште едно десет луѓе, вака, функционериве овие.

СМ: Кај шетате бе?

ДМУ: Па, по населби.

СМ: За што?

ДМУ: Разгледуваат.

СМ: Разгледуваат, што?

ДМУ: Па разгледуваат ова…згради-мади, такви места, такви работи.

СМ: Аха. Ммм, добро, океј. Ајде.

ДМУ: Важи.

СМ: Ајде.

Заев објави и снимен разговор помеѓу, како што рече, премиерот, Никола Груевски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, каде се предлага околу ридот да се подигне потпорен ѕид висок од шест до седум метри.

МЈ: Ало?

НГ: Што правиш Миле?

МЈ: Добро, прес ќе имам сега.

НГ: Што имаш?

МЈ: Прес, прес.

НГ: А, прес. На која тема?

МЈ: За ова, за градежново земјиште, на луѓево што му овозможуваме ова со надоврешниве договори, добро е тоа, да го промовираме.

НГ: А супер е тоа, супер, да. Знаеш што ми текна мене. Вчера ова ливчево што ми го покажа ти.

МЈ: Добро.

НГ: Ми викаш пола патот е ваму, пола е таму, така?

МЈ: Грубо, да.

НГ: Па да им го бутнеме таму поише. На нивна територија, мислам на работ кај нив, ама цело кај мене да се гледа.

МЈ: Види, максимално е направено, бидејќи оди по срт некој. После ќе има многу дополнителни работи, од тој аспект. Зошто е баш на сртот на тоа како што е самата топографија, оти после е малку као, као стрмина. И ние го гледавме, максимално да се направи, за да може патот да се направи.

НГ: Добро, добро, тоа не го знаев. Ја мислев дека е рамно, си викам што па на пола?

МЈ: Не, не. Прво беше, ако се сеќавате…

НГ: Тие да беа на наше место на пола ли ќе го стаат?

МЈ:..малку погоре, па го спуштивме ние најдолу што може, за да, оти после е пад голем.

НГ: Мхм. Добро, океј ако е така, океј.

МЈ: Ќе проверам уште еднаш дали може да оди пониско, ама максималното…

НГ: Таму знаеш што може да се направи? Може, за да не се гледаат одоздола да се дигне малце потпорен ѕид, да се напуни со земја и ќе гледаат у ѕид. Тоа ми текна.

МЈ: Така да. Ќе проверам уште еднаш.

НГ: Едно 6-7 метри дигаш потпорен ѕид и они одоздола гледаат у ѕидот.

МЈ: Така.

НГ: А го израмнуваш горе ти, така?

МЈ: Да, да, да.

НГ: Подигањето, и се израмнува.

МЈ: Уствари така ќе дојде малку патот, ќе имаат тука малку насип. Како и да е, ќе мора да има насип.

НГ: Да. Добро.

 

Маја Васева

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски