Тепачка за паркинг на гробиштата во Ѓорче Петров

Од:

Инцидент се случил вчера на гробиштата во скопската населба Ѓорче Петров и тоа од тривијална причина, поради паркинг.

– На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С.(38) и Д.С.(33) двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф.(60), извести МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар