Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

Од:

По објавување на видео на социјалните мрежи од тепачка во центарот на Струмица и во која едно лице употреби и секира, денеска полицијата објави дека е утврден идентитетот на учесниците и едното лице е приведено, а другото се бара.

Во соопштението од СВР Струмица се наведува дека учесници во тепачката се С.А.(49) од Струмица и Ќ.Д.(32) од Штип.

– Пронајден е и лишен од слобода С.А., со кого е извршен службен разговор во просториите на СВР Струмица, а за Ќ.Д. кој по настанот побегнал е објавен централен распис за негово пронаоѓање, стои во полициското соопштение.

Се додава дека за настанот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чии насоки од страна на полициски службеници од СВР Струмица се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот по што против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски