ВИДЕО: Тепачка во Собрание

Од:

Пратениците на ДПА и ДУИ физички се пресметаа на Комисијата за финансии и буџет. Собранискиот канал го прекина преносот откако по говорот на пратеникот на ДПА се виде како двајца пратеници Талат Џафери и Орхан Ибраими се најдоа во размена на боксови и на подот на салата.

Ибраими беше на говорница и говореше против намерата на власта да крати од предвидените инвестиции во Тетово, како тие за водовод и библиотека, по што слушнал како го пцујат од местата предвидени за ДУИ во салата.

tepackaSobranie1

Ибраими фрли со пенкало накај пратениците Талат Џафери и Реџаил Исмаили, а потоа му удри и бокс на Исмаили. По ова се вклучија сите пратеници на ДПА и ДУИ во масовна тепачка, по што регираше обезбедувањето.

Еден од пратениците побарал и лекарска помош кај докторот во  собраниската зграда.

tepackaSobranie

Ова е продолжение на вчерашната жестока дебата за ребалансот на буџетот. ДПА ја обвинува ДУИ дека нема никакво влијание во коалицијата и дека не се грижи за потребите на Албанците.

Фото и Видео: Алсат

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски