Тепачка во ресторан во Скопје, еден потешко повреден

Од:

Вчера околу 16 часот во ресторан на улица Босна и Херцеговина во Скопје настанала тепачка помеѓу шест непознати лица.

Во тепачката, едно од лицата со стаклен пепелник го удрило лицето Н.Н. (22) од Скопје во пределот на десното око.

Повредениот бил пренесен во градската општа болница 8-ми Септември, од каде што бил препратен во Клиничкиот центар, а од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош