Тепачка на Градскиот базен во Велес

Од:

Дваесет и едногодишен скопјанец синоќа физички бил нападнат на Градскиот базен „Снупи“. Непознато лице, како што соопшти полицијата, додека И.И. излегувал од соблекувалната на базенот го пресретнале и го удрило по главата со шише од што се здобил со видлива телесна повреда-расекотина над десното око.

Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес информира дека настанала општа гужва. Непознатите лица, како што рече, со шипки од чадори за сонце физички ги нападнале:Е.И.(19) години од Скопје и С.У.(34) години од Скопје, по што, во еден момент се дале во бегство кон долната капија на базенот.

-Од страна на овластени службени лица од СВР Велес повикани се шест лица од Велес на информативен разговор. По извршените службени активности сите се пуштени на слобода,информира Додевски.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско