ВИДЕО: Тензија на пратенички прашања откако Димовски го прозва премиерот дека не сработил ништо

Од:

Тензична атмосфера се создаде во собраниската сала откако пратеникот Илија Димовски од говорницата не му постави прашање на премиерот Зоран Заев – рече дека нема да го праша ништо, зошто и овојпат нема да добие целосен и искрен одговор.

„Од ова говорница ветивте плати за лекарите од 100.000 денари, ништо од тоа. Ветивте поврат на ДДВ од 900 милиони евра, оваа година нема ниту 4 милиони. Рековте дека УНЕСКО е задоволен од сработеното, ние добивме извештај за Охрид како што добивме. Минатата година кажавте имаме датум за преговори да се израдуваме сите заедно, но знаме каков исход имаме со датумот. Но, добрата вест е што ова власт има уште 25 дена и ќе си замине, затоа јас овој пат нема да поставам прашање”, рече Димовски.

По ова пратениците довикуваа од место и од говорница се објаснуваа дали пратеникот Димовски го прекршил Дрловникот. Потпретседателот на Собранието Мисовски, овој потег на Димовски го нарече срамен и катастрофален.

„Срамно и катастрофално е ова што го правите колега Димовски. На овој начин го навредувате ова Собрание и своите колеги“, рече Мисовски.
Никола Мицевски координаторот на ВМРО ДПМНЕ, пак се впушти во одбрана на својот колега.

„Нема прашање пратеникот, но изнесе свое мислење. Не гледам никаков проблем затоа што ова го правеле претходно Павле Богоевски, Сугарески, Зијадин Села и ред други пратеници”, рече Мицевски.

За пратениците на СДСМ, овој начин бил злоупотреба на говорницата и кршење на Деловникот.

„Сценариото за кршење на Деловникот нема да ви помине. Се знае за што е наменета седница за пратенички прашања, да се постави прашање, а не да се прават сценарија”, рече пратеникот на СДСМ, Диме Велковски.

Потпретседателот Мисовски, по ова успеа некако да ја смири атмосферата и не даде повеќе збор за препукувањата и процедуралните говори.

Би можело да ве интересира

Заев: Алтернатива за ЕУ нема и не треба да има

Ана Ололовска

Заев: Парламентот да ја поддржи реформата на администрацијата

Ана Ололовска

Пецаков до Заев: Граѓаните не се наивни, прекинете со предизборниот поткуп и корупцијата

Ана Ололовска

Подготвен закон за паричен надоместок на стечајни работници без 15 години стаж

Ана Ололовска

Пратенички прашања во Собранието

Ана Ололовска

Николовски: Помина времето кога државата се користеше за лично и партиско богатење

Ана Ололовска