Тенковите што ги донира Македонија се купени од Украина, не се руска донација, велат од партијата на Георгиевски

Од:

ВМРО-Народна партија во врска со дискусијата која се отвори деновиве за потеклото на тенковите кои се подаруваат на Украина, појасни дека ако се работи за истите тенкови кои се набавени во кризата 2001 година, тие не се донирани од Русија туку купени од Украина.

„Сакаме да потенцираме дека тенковите Република Македонија не ги доби како донација од Русија, како што пишуваат некои медиуми, туку државата ги купи од Украина, што беше многу важна помош со оглед дека тогаш имаше неофицијално емабрго за продажба на оружје за Македонија. Сакаме да додадеме и нагласиме дека дека тенковите не се добиени како помош туку се купени со македонски пари“, велат од партијата на Љубчо Георгиевски кој во 2001 година беше на чело на државата.

Оттука коментираат дека со оглед на околностите, добро е Северна Македонија да добие некаква компензација од НАТО земјите со оглед на фактот дека ова оружје е се уште функционално и употребливо.

Би можело да ве интересира

ВМРО Народна: Денот на ВМРО да го замениме со денот на „кумановската битка“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Се почести навреди од северниот сосед за Македонците

ВМРО-Народна го поддржува Законот за амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна прашува дали државата има доказ дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистичките власти

ВМРО-Народна партија го осудува тешкото насилство кон охриѓанецот кој се декларира како македонски Бугарин

ВМРО-Народна: Бадникарските огнови не е во согласност со православието и со македонскиот идентитет