Тендерската постапка за реконструкција на патот во Долно Лисиче е во тек

Од:

Општина Аеродром денеска информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Во соопштението од општината се наведува дека се во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.

– По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме дека ја разбираме итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот, на кој активно се работи, е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект, предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди, посочуваат од општината.

Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август, а сите предвидени активности, како што се наведува, ќе се реализираат во најбрз можен рок.

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски