Температури до 37 степени денеска, во викендот потопло

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има мали услови за локална појава на нестабилност проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.

Според прогнозата на УХМР, за време на викендот и почетокот на следната седмица под влијание на топла воздушна маса времето ќе биде сончево и топло. Температурата насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени.

-Во вторник ќе се задржи топло време, но ќе има зголемување на облачноста со услови за пороен дожд. В среда ќе има мал пад на температурите и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво