Температури до 36 степени, попладне пороен дожд и грмежи

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Попладне и кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, претежно во јужните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени, со УВ индекс 7.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Вo наредните денови во попладневните и вечерните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, со локален дожд

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град

Утре нестабилно со пороeн дожд, од четврток следува топлотен бран со температури над 40 степени