Температури до 27 степени денеска, од утре попладне врнежливо

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Од утре попладне следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Минималните температури насекаде ќе бидат над нула.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво