Тематски консултации во Владата за Итните реформски приоритети

Од:

Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат одржани тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики согласно Итните реформски приоритети.

Тематските консултации се согласно определбата на Владата за транспарентност во работата и вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, а поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, соопшти владината прес-служба.

На дебатата воведно обраќање ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.

Вицепремиерот Османи во понеделникот најави дека Владата подготвува Акциски план со мерки и активности кои треба да се преземат во контекст на евроинтеграциите, а кои ќе му бидат презентирани на еврокомесарот Јоханес Хан за време на неговата посета на Скопје во понеделник. Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Имаме влада крвник на сопствениот народ, три години не ја зголемува минималната плата и ја штити олигархијата

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата