Телото на седумгодишното девојче што почина вчера во тетовската болница е дадено на обдукција, информираше Јавното обвинителство.
– Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на починатото девојче, се вели во информацијата од ОЈО.
Претходно, од тетовската болница соопштија дека деовојчето во лоша состојба било доенсено во саботата и дека покрај сите напори на лекарите, починало. Од тами информраа и дека семејството не се согласувало на обдукција.