Телото на исчезнато лице од село Долно Строгомиште било пронајдено во Бериково

Од:

Лицеот А.О. од селото Падалиште, кичевско, вчера пријавил дека во атарот на селото Бериково, во месноста викана „Бериковски камен“ пронашол човечко тело во распаѓање.

Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево, а по наредба на јавниот обвинител телото било пренесено во болницата во Кичево, каде што било идентификувано како Р.Р. (59) од село Долно Строгомиште, кој на 5. март годинава бил пријавен за исчезнат.

Телото останало во болницата каде што ќе се изврши обдукција за да се утврди причината за смртта.

Би можело да ве интересира

Фатмир Дехари ќе се бори за уште еден градоначалнички мандат во Кичево

Горан Наумовски

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он