Телото на исчезнатиот 77-годишен велешанец пронајдено во близина на ТИРЗ Штип

Од:

77-годишниот велешанец по кој се трагаше од пред два дена е пронајден мртов на пат во близина на ТИРЗ Штип. Неговото тело го пронашол вработен во ТИРЗ, а полицијата констатирала дека се работи за М.Г од Велес. Телото е предадено на обдукција.

Претходно, беше пријавено дека човекот побарал помош затоа што со возилот паднал во дупка на регионалниот пат Штип -Радовиш. Според информациите од МВР, негови пријатели го барале но не успеале да го најдат.

– На 04.01.2025 во 09.30 часот во Полициската станица Велес У.К.(54) од село Горно Оризари, велешко, пријавил дека неговиот братучед М.Г. (77) од истото село се оддалечил од неговиот дом. Според пријавеното, претходниот ден во 22.00 часот добил повик од неговиот пријател В.С. кој имал шлеп служба дека М.Г. му се јавил и му кажал дека со неговото патничко возило „Спарк“ со велешки регистаски ознаки излетал во дупка на регионалниот пат Штип-Радовиш, по што В.С. а потоа и пријавителот со неколку други лица во текот на ноќта извршиле обиколки на патот но не успеале да го пронајдат. На 04.01. по претходна пријава во СВР Штип од страна на лицето Т.М. дека негов вработен, во кругот на ТИРЗ – Штип, забележал на коловозот починато лице, во 12,00 часот од страна на увидна група при ПС за БПС Штип и ОКТУПА при СВР Штип, заедно со ИМП Штип излезено е на лице место при што е констатирано дека се работи за лицето М.Г, се вели во соопштението од МВР.

По насоки и овластување од надлежен ЈО при ОЈО Штип извршен е увид а телото е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Трагедија на патот Кочани- Виница: загина 48-годишник

Скандал во Чегране: полицајци манипулирале со документација

Катерина Ѓуровски

Бизарен случај во кочанско: ја излажале дека и е направена магија, и зеле накит и пари

Починат скопјанец пронајден пред поликлиниката Ченто

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Струмичанец ја избодел сопругата, претходно се обидел да и стави непозната течност во уста