Tелохранителот на Спасовски низ солзи: Ѓорчев ги молеше како Господ да не не’ напаѓаат

Од:

„Лево од мене, слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не можевме физички да ги спречиме, го извадив пиштолот и испукав 1 куршум во воздух заради застрашување“, сведочеше во солзи, телохранителот на Оловер Спасовски, Ацо Ангеловски, на денешното рочиште за настаните од 27 април.

Тој видно вознемирен, се присети дека водел сметка да не се одбие куршумот и да не ги повреди присутните. Ангеловски кажа дека 12 години работел во Собранието и знаел кога се реновирало и дека плафонот е со гипс-картон.

Двајца сакаа да ми го земат оружјето. Едниот од нив ми беше колега. Му реков „Како не ти е срам?” и се оттргна.

„Пред мене застана граѓанин со фантомка и ми удри четири бокса, со што ми ја раскина горната усна, за што имам и медицинска документација“, сведочеше Ангеловски.

Тој рече дека се појавил пратеникот Влатко Ѓорчев кога го чул истрелот:

„Влатко Ѓорчев застана пред нив и со жив штит не’ бранеше. Ги знаеше со име и презиме. Некои од нив, еднаш не’ тепаа, еднаш не’ бранеа“.

Насобраните почнале да му викаат на Ѓорчев: „И ти ли се предаде? Те купија ли? И ти ли стана комуњар?“

Ангеловски рече дека го замолил Влатко Ѓорчев да не ги остави, на што добил потврда од пратеникот.

„Влатко ги молеше како Господ да не не’ напаѓат“, рече сведокот и се присети дека по 15 минути чул силна експлозија и заклучил дека влегла ЕБР или специјална единица.

Кога го однеле во канцеларијата на Влатко Ѓорчев, некој од медицинската екипа рекол „Овој е готов, да го однесеме на Клиника“.

„Ја откорнаа вратата на брзата помош за да не’ извадат, а шоферот избега. Шоферот на Никола Тодоров седна да вози”, рече Ангеловски.

Сведокот кажа дека кога претходно во текот на денот прашал одговорниот за надворешното обезбедување зошто има толку малку полиција, добил одговор дека полицајците користеле стар годишен одмор.

Денеска покрај Ангеловски, во предметот за собранискиот упад треба да сведочат уште тројца сведоци.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ кој не смееме да дозволиме да се повтори

Горан Наумовски

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески