Телевизија Алфа ја платила дозволата за работа

Од:

Агенцијата за медиуми ја запре постапката за одземање на дозволата за работа за телевизија „Алфа“. На седницата одржана минатата седмица Советот на Агенцијата донесе пет решенија за запирање на покренатите постапки за одземање на дозвола за телевизиско и радио емитување на следниве радиодифузери: ТРД Радио Канал 77 ДООЕЛ Штип, ТРД Радио Фама ДОО Тетово, ТРД Алфа ТВ ДООЕЛ Скопје, ТРД Лалг Радио ДООЕЛ Скопје и ТРД ТВ СКОПЈЕ ДОО Скопје. Телевизијата за дозвола за работа должеше 3,5 милиони денари.

Согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Советот е должен да почне постапка за одземање на дозволата на секој радиодифузер кој нема да ја плати фактурата за радиско или телевизиско емитување во рок од 30 дена од денот на добивање на фактурата. Откако ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги подмират обврските.

В. М.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ