Телеграма со сочувство од Талат Џафери до семејството на Адеми

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери, од свое име и од име на пратениците на Собранието на РМ упати телеграма со сочувство за смртта на Абдилаќим Адеми, поранешен пратеник, министер за образование, заменик-претседател на Влада и генерален секретар на ДУИ.

– Горката вест за раното успокојување не потресе многу, не потсети колку сме немоќни пред судбината меѓутоа и дека треба да го цениме и вреднуваме секој миг, секој спомен што сме го споделиле со добри луѓе, благородни луѓе и почитувани интелектуалци кои оставиле трага во нашето општество Таков беше Абдилаќим Адеми и споменот за него нема никогаш да избледи, се наведува во телеграмата од Џафери до семејството на Адеми.

Би можело да ве интересира

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот