Телеграма со сочувство од Заев до Бејли

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, до Амбасадата на САД во Македонија упати телеграма со сочувство по терористичкиот чин во Орландо.

Во телеграмата се вели:

„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскито сојуз на Македонија изразувам сочувство и длабоко жалење до семејствата на загинатите и пријателскиот народ на САД за терористичкиот чин што се случи во Орландо.

Граѓаните во Македонија сочувствуваат со граѓаните на САД, изразуваат солидарност и жалат за загубените човечки животи.

Овој ужасен терористички чин е сериозен напад врз основните човекови права и слободи како врвна универзална, цивилизациска вредност.

Универзалните вредности на современата цивилизација и почитувањето на човекови права, слободата, еднаквоста и солидарноста се посилни од теророт и убеден сум дека САД ќе излезе уште посилна од овој терористички чин, којшто за жал однесе многу невини животи. Нашите мисли и молитви се со Вас“ стои во телеграмата на претседателот Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО