Телеграма со сочувство од министерот Јолевски до семејствата на загинатите пилоти

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски упати телеграма со сочувство до семејствата на загинатите припадници на полицијата, во вчерашната трагична хеликоптерска несреќа.

– Нашите мисли и нашите молитви се со вас. Ова е исклучително тежок период кој ќе го пребродиме само доколку сме сите заедно, сплотени во едно, стои во писмото од министерот Јолевски.

Воедно, министерот Јолевски вчера имаше и телефонски разговор со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, при што беше посочено дека Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија се целосно подготвени да ги стават своите капацитети на располагање на полициските служби и вештаци, во целосно разрешување на случајот и утврдување на причините за оваа голема несреќа.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски