А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Телеграма со сочувство од Димитриев до Меркел

by А1он20/12/2016 - 17:1420/12/2016 - 17:14270
Share0

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев денеска испрати телеграми со сочувство до германскиот канцелар Ангела Меркел, осудувајќи го терористичкиот акт во Берлин.

Добивај вести на вибер

– Со длабока вознемиреност, загриженост и жалење ја примив веста за грозоморниот терористички напад во Вашата земја, во кој животот го загубија повеќе германски граѓани и во кој поголем број граѓани се повредени. Во овие тешки моменти на шокираност и национална жалост, дозволете ми од мое лично име, од името на македонските граѓани и од името на Владата на Република Македонија да Ви упатам изрази на најдлабоко сочувство Вам и на членовите на семејствата на жртвите, да испратам желби за побрзо заздравување на повредените, и воедно да го осудам овој срамен и кукавички чин, наведува Димитриев во телеграмата.

Шокантната вест за овој терористички чин, како што посочува, длабоко ги вознемири македонските граѓани. – Тероризмот уште еднаш покажа дека не бира ниту место, ниту пак жртви. Овој грозоморен напад во Берлин претставува напад врз мирот и слободата во цела Европа и напад врз европските вредности, вели Димитриев.

Република Македонија, како што посочува, остро спротивставувајќи се на тероризмот активно учествува и ќе продолжи да придонесува во борбата против најголемото зло на денешницата. – Тероризмот може и мора да биде победен со заедничка одлучна и бескомпромисна борба.
Нашите мисли и молитви се со Вас, наведува Димитриев во телеграмата со сочувство.

premier

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08

Францускиот премиер поднесе оставка

Горан Наумовски06/10/2025 - 10:17

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски09/09/2025 - 20:1809/09/2025 - 20:18

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски02/09/2025 - 21:0902/09/2025 - 21:09

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Горан Наумовски29/08/2025 - 07:38

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он05/05/2025 - 20:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен