Телеграма од Заев до семејството на Саша Николовски – Ѓумар

Од:

Претседателот на СДСМ Зоран Заев испрати телеграма со сочувство до семејството на познатиот диригент Саша Николовски – Ѓумар.

– Вие изгубивте близок член член на семејството и огромна е вашата болка за што било во овие моменти да има утешно значење. Но, загуби и Македонија, еден од најголемите уметници, признаен и во светски рамки, кој со своите индивидуални успеси, бројните награди и признанија, беше достоен претставник на нашата земја во светот, стои во телеграмата.

Саша Николовски – Ѓумар, како што се наведува, нема да недостига само како син, татко, сопруг, професиналец, туку и како човек, бидејќи како што кажуваат и самите негови колеги, големи се неговите лични заложби за достоинствени услови за работа и доброто на заедницата. – Тоа го става Саша Николовски – Ѓумар меѓу луѓето кои ќе се паметат по нивните вредности и дела и на коишто безвременски ќе се навраќа општетствената јавност во Македонија и пошироко, се вели во телеграмата од Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните