Телефонски разговори на министерот Јолевски со колегите од Турција и Бугарија

Од:

Република Македонија и Република Турција имаат одлична соработка на полето на одбраната и безбедноста, заклучија министрите за одбрана на двете земји, Зоран Јолевски и Исмет Јилмаз, при денешниот телефонски разговор.

Како што информира Министерството за одбрана, Јолевски се заблагодарил за поддршката од Република Турција за нашата држава, на сите полиња. Турскиот министер, пак, посочил дека двете земји имаат стратешко партнерство и дека Република Турција целосно и безусловно ги поддржува аспирациите на Република Македонија за членство во Алијансата. Двајцата министри се договориле наскоро да остварат средба.

Јолевски телефонски разговараше и со министерот за одбрана на Република Бугарија, Ангел Најденов, при што беше истакнато дека нашата држава цврсто верува во одличните односи со сите партнери и соседи, меѓу кои и со Република Бугарија.

Министерот Најденов му го честита поставувањето на функцијата министер за одбрана и му посака успех во извршувањето на оваа одговорна задача. Заедничка констатација на двајцата министри е дека постои подготвеност кај двете соседни земји да работат на натамошното унапредување на соработката, особено во полето на одбраната.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски