Телефонски разговор Османи – Ле Дриан

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари телефонски разговор со Жан-Ив Ле Дриан, министер за Европа и надворешни работи на Француската Република.

Како што информира МНР, во фокус на разговорот било европското досие на Северна Македонија, во светло на актуелното француско претседателство со Советот на Европската Унија и во таа насока за потенцијалите на ова претседателство за напредок во нашите европски интеграции. Станало збор и за текот на политичкиот дијалог со Република Бугарија и секако состојбите во Украина и како истите се рефлектираат на земјите од Западен Балкан, врз стабилноста и безбедноста на регионот и Европа во целост.

„Министерот Османи му честиташе на својот француски колега, Ле Дриан за лидерството на француското претседателство со Унијата во овие тешки времиња, при што нагласи дека обединетоста на ЕУ го охрабри целиот демократски свет, а особено земјите во регионот. За време на телефонскиот разговор беа добиени јасни и недвосмислени пораки за поддршка од страна на Франција; пораки за нашата подготвеност за почеток на преговорите, како и за улогата на Франција во овој процес.

За време на разговорот Османи го информираше Ле Дриан дека Северна Македонија постигна 100% усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика и во тој контекст потенцираше дека европската перспектива на земјата и регионот е суштински придонес за одржлива регионална и европска стабилност“, соопштува МНР.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани