Телефонски разговор Ципрас – Заев

Од:

Eвро-атлантската перспектива на Македонија, прашањето за името и можностите за развивање на билатералните односи, биле теми за кои телефонски разговарале премиерот на Грција Алексис Ципрас и претседателот на македонската Влада Зоран Заев, соопшти денеска кабинетот на грчкиот премиер.

Ципрас и Заев размениле мислења и за промовирање на мерките за градење доверба меѓу двете земји, како и за состојбата во регионот.

Ципрас му честитал на Заев за преземањето на премиерската функција и уште еднаш ги повторил грчките позиции во однос на спорот за името, се вели во соопштението од кабинетот на грчкиот премиер.

Македонскиот премиер Заев вчера во интервју на МТВ со уредници на медиуми најави дека тој и новата Влада, кон Грција и другите соседи ќе водат политика на пријателство без провокации и очекува на тоа позитивно да биде возвратено. Заев изрази надеж дека Македонија многу брзо може да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разговорите со Грција за спорот за името, со приближување на ставовите, испраќање добри пораки и унапредување на мерките на доверба, со цел, како што наведе, да се создаде амбиент Македонија барем делумно да биде одблокирана .

Се очекува наскоро да има и средба на министрите за надворешни работи на двете земји, по поканата што ја упати шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас до неговиот македонски колега Никола Димитров да ја посети Атина.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он