Телефонски јавувања и агитирања, списоци во кои се забележува кој гласал во Центар

Од:

Пред основното училиште „Коле Неделковски“ во скопската општина Центар каде има избирачко место стои паркиран автомобил во кој има партиски активисти кои забележуваат кој излегува да гласа, објави Либертас.

Истовремено, како што информираат за Либертас од една од партиите, активистите на другата партија се јавуваат кај запишаните во избирачкиот список и ги потсетуваат дека треба да гласаат.

До нашата редакција пристигна и информација за случај каде активистите се јавиле кај жена која гласа на ова избирачко место и и дале инструкции да гласа за еден од кандидатите, па потоа да отиде во нивниот партиски штаб за да се потпише дека гласала. Таа била зачудена од ваквиот потег бидејќи ниту е член на партијата, ниту знае од каде во партијата го имаат нејзиниот телефонски број.

За ова се пожалила на избирачкиот одбор, но од таму не презеле ништо по што таа случајот го пријавила во Општинската изборна комисија.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада