Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви и чисти коловози.
Во утринските часови има појава на магла низ клисурите и долж речните текови.
Поради можна појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите од Авто-мото сојузот на Македонија, со препорака до возачите за вимателно уиправување со моторните возила на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.